Skip to main content

Neocortex

ЗА НАС

Центар за психотерапија, психодијагностика,
тренинг и едукација

НЕОКОРТЕКС е центар посветен на унапредување на менталното здравје и психолошката добросостојба на деца, адолесценти и возрасни. Обезбедуваме стручна, доверлива и индивидуализирана психолошка и психотерапевтска поддршка за поединци, парови и семејства, како и едукативни и развојни програми за групи, професионалци и организации.

Нашата мисија

Нашата мисија е да обезбедиме професионална грижа, поддршка и третман при психолошки тешкотии, емоционални предизвици и значајни животни промени, со цел зачувување и унапредување на менталното здравје.

Ги поддржуваме клиентите во развивањето поголема самосвесност, подобро разбирање на сопствените потреби и односи и создавање позитивни и одржливи животни промени.

Посебно значење им даваме на семејството и блиските односи како важни системи во развојот и функционирањето на секоја личност.

Нашата мисија

Мисијата на Неокортекс е грижа и третман на менталното здравје на деца, адолесценти и возрасни. Специјализирани сме за индивидуална, партнерска, семејно-системска и групна терапија. Психотерапевтските пристапи што ги нудиме се гешталт терапија, EMDR терапија (обработка на траума), семејно-системска терапија, терапија фокусирана на емоции (EFT), како и терапија за игра за деца, стимулација и развојна проценка. Нашата главна цел е подигање на свеста и грижата за себе, правење позитивни животни промени во насока на психофизичка благосостојба, здравје и задоволство кај поединецот, но и работа и поддршка на семејствата како целина како важен систем од кој потекнува секој поединец.

Тимот што не движи

Институции и организации со кои градиме долгорочна соработка

Клиничка болница „Аџибадем Систина“

М-р Ивана Хаџиванова, психолог и психотерапевт, е надворешен соработник на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, каде обезбедува психолошка поддршка и психотерапевтски услуги за деца, адолесценти и возрасни пациенти.

 

Во рамки на интердисциплинарниот пристап, психолошката поддршка е приспособена на здравствената состојба, индивидуалните потреби и животниот контекст на пациентот. Таа е насочена кон справување со стресот, анксиозноста, стравот, неизвесноста и емоционалните последици што можат да се појават во текот на дијагностиката, лекувањето, хоспитализацијата и закрепнувањето.

Здружение за лица со ретки болести „Живот со предизвици“

Тимот на НЕОКОРТЕКС остварува повеќегодишна континуирана соработка со Здружението за лица со ретки болести „Живот со предизвици“, преку обезбедување стручна психолошка поддршка за лицата со ретки болести и за членовите на нивните семејства.

 

Во рамки на соработката се достапни индивидуални, партнерски и семејни сесии, приспособени на специфичните потреби и животни околности на корисниците. Поддршката е насочена кон зачувување на менталното здравје и полесно справување со хроничниот стрес, неизвесноста, емоционалното оптоварување и промените што ги носи животот со ретка или хронична здравствена состојба.

 

Психолозите од НЕОКОРТЕКС поседуваат значајно искуство во работа со лица со хронични здравствени состојби и со нивните блиски, обезбедувајќи стручен, чувствителен и индивидуализиран пристап.

"Quotation here"

Психотерапевт Хаџиванова

"Quotation here"

Психотерапевт Хаџиванова