Skip to main content

Neocortex

ЗА НАС

Сеопфатна поддршка за вашето ментално здравје создадена да ве води кон
внатрешна рамнотежа, самодоверба и одржлив личен раст.

Верица Бакулеска

Психолог, Гешталт психотерапевт и психодрама психотерапевт под супервизија

Верица Бакулеска е лиценциран психолог, гешталт психотерапевт и психодрама психотерапевт под супервизија, со мултидисциплинарен пристап во работата со клиенти. Како дел од тимот на НЕОКОРТЕКС, обезбедува психолошко советување, психотерапија и психоедукација за деца, адолесценти и возрасни, како и работа со парови, семејства и групи.

Сесиите ги реализира во живо и онлајн, на македонски и англиски јазик. Нејзиниот пристап се темели на автентичен терапевтски контакт, присутност и создавање безбедна и поддржувачка средина во која клиентот може подобро да ги разбере сопствените емоции, потреби и релациски обрасци и да развива нови начини на справување и промена.

Во својата практика работи со анксиозност, панични напади, депресивни состојби, стрес и емоционална исцрпеност, психолошка траума, загуба, ниска самодоверба, срам и вина, тешкотии во комуникацијата и блиските односи, како и со животни транзиции и идентитетски предизвици. Посебен професионален интерес има во областа на репродуктивната психологија и психолошката поддршка во текот на IVF-процеси и алогенеичко биомедицинско потпомогнато оплодување, бременост, породување, постпородилен период и мајчинство. Работи и со нарушен однос кон храната и телото, зависности, хронични релациски обрасци, психосоматски симптоми и тешкотии во однесувањето кај деца и адолесценти.

Има искуство во поддршка на родители и семејства на деца со атипичен развој, стекнато и преку повеќегодишна работа како образовен асистент. Во рамки на своето професионално усовршување има стекнато и основни познавања од применета анализа на однесувањето – ABA.

Била вклучена во проекти за психолошка и психосоцијална поддршка на ранливи и маргинализирани групи, меѓу кои сексуални работници, невработени лица и лица од ЛГБТИК+ заедницата.

Како предавач и обучувач, реализирала вебинари, работилници и обуки за деца и возрасни на теми поврзани со менталното здравје, емоционалната интелигенција, родителството, управувањето со стрес и женското ментално здравје. Континуирано го унапредува своето професионално знаење преку стручни едукации и супервизија во земјата и странство.

Поседува општа лиценца за вршење психолошка дејност, издадена од Комората на психолози на Република Северна Македонија, член е и на ЕАГТ – Европска Гешталт Асоцијација за Психотерапија.