Skip to main content

Neocortex

ПРАШАЊА

Често Поставувани Прашања

Закажете состанок со дел од нашиот професионален тим

Средбите се реализираат со претходно закажан термин. Пред закажувањето можете да ги разгледате услугите и стручниот тим на нашата веб-страница, а при контактот накратко да ја наведете причината за вашето обраќање. Сите информации што ги споделувате се третираат доверливо и професионално.

Не е потребна посебна подготовка. Доколку причината за обраќање е поврзана со здравствена состојба, претходна психолошка или психијатриска проценка, развојна тешкотија или болничко лекување, корисно е да понесете релевантна медицинска или стручна документација.

За информации и закажување термин, најдобро е да нè контактирате телефонски. Достапни сме и преку е-пошта, Viber и WhatsApp, вклучително и за клиенти од странство.

При контактот можете накратко да ја споделите причината за обраќање. Во согласност со вашите потреби, возраста, јазикот, видот на услугата и достапните термини, ќе ви помогнеме да изберете соодветен психолог или психотерапевт.

Термините се закажуваат од понеделник до сабота, од 10:00 до 20:00 часот.

Психотерапевтската поддршка може да биде корисна при психолошки и емоционални тешкотии, симптоми или дијагностицирани ментални растројства, стрес, кризни состојби, трауматски искуства, значајни животни промени, предизвици во односите, повторувачки обрасци на размислување и однесување, донесување важни одлуки, како и при потреба од подобро разбирање на себе и личен развој.

Барањето стручна поддршка е одговорен чекор во грижата за менталното здравје.

Првата сесија е посветена на запознавање, разбирање на причината за обраќање и иницијална основна проценка на актуелните потреби и тешкотии. Клиентот добива стручна поддршка и насоки, а доколку е потребна понатамошна работа, заедно се договараат целите и динамиката на процесот.

Сесијата се одвива во безбедна и доверлива средина. Најчесто вклучува разговор и истражување на емоциите, мислите, однесувањето, односите и животните обрасци, како и примена на техники приспособени на потребите и целите на клиентот.

Индивидуалната психолошка или психотерапевтска сесија најчесто трае од 50 до 60 минути.

Бројот на сесии е индивидуален и зависи од природата, времетраењето и интензитетот на тешкотиите, поставените цели, личните ресурси, редовноста и активното учество на клиентот, како и од развојот на психотерапевтскиот процес.

На почетокот не може прецизно да се одреди точниот број сесии. За одредени прашања една консултативна сесија може да биде доволна, додека подолготрајните и посложени тешкотии најчесто бараат континуирана психолошка или психотерапевтска поддршка. Напредокот и потребите редовно се разгледуваат заедно со психологот или психотерапевтот.

Психотерапијата е професионален пристап чија ефикасност е поддржана од научни истражувања. Исходот зависи од повеќе фактори, меѓу кои природата на тешкотиите, мотивацијата и активното учество на клиентот, континуитетот на процесот и квалитетот на психотерапевтскиот однос.

Да. Доверливоста и почитувањето на професионалната етика се основа на работата. Идентитетот, личните податоци и содржината што клиентот ја споделува во текот на сесиите се чуваат како професионална тајна.

Исклучоци постојат само во ситуации утврдени со закон и професионална етика, особено кога постои сериозен и непосреден ризик за животот или безбедноста на клиентот или на друго лице.

Не. За започнување психолошко советување или психотерапија не е неопходно претходно да имате поставена дијагноза. Причината за обраќање, актуелните тешкотии и целите се разгледуваат во текот на почетните средби.

Во НЕОКОРТЕКС работиме со деца, адолесценти и возрасни, како и со парови, семејства и групи. Пристапот се приспособува на возраста, развојните потреби и конкретната причина за обраќање.

Преку NEOCORTEX Corporate реализираме и обуки, работилници, тим-билдинг активности и развојни програми за компании и организации.

Да. Начинот на работа се приспособува на возраста, развојните потреби и причината за обраќање. Кај малолетни лица, првата средба по правило се реализира со родител или старател, а понатамошните средби може да се одвиваат со детето, со родителите или комбинирано. Родителите добиваат насоки за понатамошниот процес, со почитување на доверливоста, развојната возраст и најдобриот интерес на детето.

Да. Онлајн психотерапијата и советувањето се ефективни и се реализираат преку видеоповик и се достапни за адолесценти, возрасни, парови и семејства од земјата и странство.

Сесиите се достапни на македонски и англиски јазик, а дел од тимот работи и на албански јазик.

Да. Чувството на доверба, сигурност и соодветност на професионалниот однос се важни за процесот. Доколку сметате дека ви е потребен поинаков пристап или друго стручно лице, тоа може отворено да се разговара и, доколку е соодветно, процесот да продолжи со друг психолог или психотерапевт од нашиот тим.

Да. Кога тоа е потребно и со согласност од клиентот, ја поддржуваме соработката со матичен лекар, психијатар или друг здравствен професионалец, со цел посеопфатна и координирана грижа.

Не. Психолозите и психотерапевтите не препишуваат медикаментозна терапија.

Доколку во текот на проценката или третманот се утврди потреба од психијатриска проценка или фармакотерапија, клиентот може да биде упатен кај специјалист психијатар. Психотерапевтската и медикаментозната поддршка, кога се индицирани, може да се спроведуваат паралелно.

Од реализирани психолошки советувања, психоедукација и психотерапевтски сесии, НЕОКОРТЕКС по правило не издава психолошки извештаи, стручни мислења, процени, препораки или друга документација за институции и трети лица, освен кога тоа е законски задолжително или претходно договорено како посебна услуга.

Како посебно договорена услуга се издава потврда за реализирано психолошко советување во постапка за алогенеичко медицински потпомогнато оплодување.

За откажување или преместување на закажан термин потребно е да нè известите најмалку 24 часа однапред. Доцното откажување или непојавувањето на потврден претходно закажан термин без валидна причина може да подлежи на наплата, согласно претходно договорените услови.

Услугите во Центарот се приватни и не се покриени преку Фондот за здравствено осигурување. Начинот и времето на плаќање се договараат при закажувањето, a може да бидат во готовина или жирално на сметка со фактура. Онлајн сесиите се плаќаат најдоцна еден ден пред нивното одржување, а потврдата за уплатата се доставува до стручното лице со кое е закажана сесијата.

НЕОКОРТЕКС не е служба за итна интервенција. При непосредна опасност, сериозна здравствена или психолошка криза или ризик за сопствениот или туѓиот живот, потребно е веднаш да се контактира итната медицинска помош или најблиската соодветна здравствена установа.