„Од самиот почеток се чувствував слушнато, разбрано и прифатено.
Психотерапијата ми помогна подобро да ја разберам анксиозноста, да ги препознавам сопствените потреби и посигурно да се справувам со секојдневниот стрес и предизвиците.“
Обезбедува стручна, доверлива и индивидуализирана психолошка и психотерапевтска поддршка за деца, адолесценти и возрасни, како и за парови, семејства и групи.
Нашиот тим од лиценцирани психолози и психотерапевти применува современи и научно засновани пристапи, меѓу кои гешталт психотерапија, семејно-системска терапија, EMDR, емоционално фокусирана терапија за парови – EFT и психодрама.
Нашите услуги
Индивидуална психотерапија и психолошко советување за возрасни
Поддршка при траума и кризни состојби
Онлајн психотерапија и советување преку видеоповик
Кариерно советување и професионална ориентација
Групна психотерапија и тематски групи
Психотерапија и советување за деца и адолесценти
Терапија со игра за деца
Mind Lab – групна програма за деца и адолесценти
Партнерска психотерапија и советување
Семејна психотерапија и советување
Психолошко советување за родители
Психолошко советување во постапка за алогенеичко биомедицински потпомогнато оплодување — со извештај
Корпоративни обуки, тим-билдинзи и организациски развој
Психолошки работилници и психоедукација
Стручни едукации за професионалци
Поддршка при емоционални, развојни и бихевиорални тешкотии, адаптација, учење, саморегулација и
односи.
Поддршка при анксиозност, промени во расположението, идентитет, самодоверба, училишни и врснички предизвици.
Психотерапија и советување при психолошки тешкотии, стрес, траума, животни промени, односи и личен развој.
Поддршка при конфликти, нарушена комуникација, кризи, родителски предизвици и семејни
промени.
Корпоративни обуки, работилници, тим-билдинг активности и развојни програми за вработени, лидери и тимови.
Пристапот се приспособува на возраста, потребите, психолошката состојба на секој клиент. Кога е потребно, поддржуваме координирана соработка со психијатар, матичен лекар, педијатар или друг релевантен професионалец.
Искрени сведоштва и реални приказни од клиенти што направиле промена во својот живот
„Од самиот почеток се чувствував слушнато, разбрано и прифатено.
Психотерапијата ми помогна подобро да ја разберам анксиозноста, да ги препознавам сопствените потреби и посигурно да се справувам со секојдневниот стрес и предизвиците.“
„Партнерските сесии ни помогнаа да излеземе од кругот на токсично меѓусебно обвинување и постојано критикување и повторно вистински да се слушнеме.
Денес разговараме поотворено, подобро ги разбираме потребите еден на друг и, со поддршка од психотерапевтот, успеавме заедно да надминеме сериозна брачна криза.“
„Како семејство дојдовме во период на голема криза, исполнет со напнатост и недоразбирања — и меѓу нас како партнери и во односот со нашите деца во пубертет.
Со стручната поддршка почнавме да комуницираме посмирено, подобро да ги разбираме различните потреби во семејството и повторно да чувствуваме поголема поврзаност.“
„Преселбата во странство и почетокот на факултетот ми беа многу потешки отколку што очекував.
Онлајн сесиите ми овозможија да добијам професионална поддршка на мајчин јазик. И покрај физичката дистанца, се чувствував блиску, сигурно и разбрано.“
„Во психотерапијата првпат отворено зборував за најинтимните делови од себе, за мојата сексуална ориентација и за стравот од неприфаќање.
Постепено дојдов до поголемо самоприфаќање, ја надминав депресивноста и, по многу години, направив важни чекори во процесот на откривање на мојот идентитет пред блиските.“
„Моето дете постепено стана поотворено во изразувањето на своите емоции и во прифаќањето на хроничната здравствена состојба со која се соочува, како и на промените и приспособувањата што таа ги носи.
Ние како родители подобро го разбравме неговото однесување и добивме практични насоки што можевме да ги примениме дома.“
„Соработката со НЕОКОРТЕКС тимот беше професионална, добро организирана и целосно приспособена на потребите на нашиот тим.
Програмата со обуки беше многу интерактивна и практична, поттикна отворена дискусија и ни понуди конкретни алатки за подобра комуникација, поефикасно професионално функционирање, справување со стресот и подобра тимска соработка.“
„Од самиот почеток се чувствував слушнато, разбрано и прифатено. Психотерапијата ми помогна подобро да ја разберам анксиозноста, да ги препознавам сопствените потреби и посигурно да се справувам со секојдневниот стрес и предизвиците.“
„Партнерските сесии ни помогнаа да излеземе од кругот на токсично
меѓусебно обвинување и постојано критикување и повторно вистински
да се слушнеме.
Денес разговараме поотворено, подобро ги разбираме потребите еден
на друг и, со поддршка од психотерапевтот, успеавме заедно да
надминеме сериозна брачна криза.“
„Како семејство дојдовме во период на голема криза, исполнет со
напнатост и недоразбирања — и меѓу нас како партнери и во односот
со нашите деца во пубертет.
Со стручната поддршка почнавме да комуницираме посмирено, подобро
да ги разбираме различните потреби во семејството и повторно да
чувствуваме поголема поврзаност.“
„Моето дете постепено стана поотворено во изразувањето на своите
емоции и во прифаќањето на хроничната здравствена состојба со која
се соочува, како и на промените и приспособувањата што таа ги носи.
Ние како родители подобро го разбравме неговото однесување и
добивме практични насоки што можевме да ги примениме дома.“
„Преселбата во странство и почетокот на факултетот ми беа многу
потешки отколку што очекував.
Онлајн сесиите ми овозможија да добијам професионална поддршка на
мајчин јазик.
И покрај физичката дистанца, се чувствував блиску, сигурно и
разбрано.“
„Соработката со НЕОКОРТЕКС тимот беше професионална, добро
организирана и целосно приспособена на потребите на нашиот тим.
Програмата со обуки беше многу интерактивна и практична, поттикна
отворена дискусија и ни понуди конкретни алатки за подобра
комуникација, поефикасно професионално функционирање, справување
со стресот и подобра тимска соработка.“
„Во психотерапијата првпат отворено зборував за најинтимните
делови од себе, за мојата сексуална ориентација и за стравот од
неприфаќање.
Постепено дојдов до поголемо самоприфаќање, ја надминав
депресивноста и, по многу години, направив важни чекори во
процесот на откривање на мојот идентитет пред блиските.“
„Од самиот почеток се чувствував слушнато, разбрано и прифатено. Психотерапијата ми помогна подобро да ја разберам анксиозноста, да ги препознавам сопствените потреби и посигурно да се справувам со секојдневниот стрес и предизвиците.“
„Како семејство дојдовме во период на голема криза, исполнет со напнатост и недоразбирања — и меѓу нас како партнери и во односот со нашите деца во пубертет.
Со стручната поддршка почнавме да комуницираме посмирено, подобро да ги разбираме различните потреби во семејството и повторно да чувствуваме поголема поврзаност.“
„Моето дете постепено стана поотворено во изразувањето на своите емоции и во прифаќањето на хроничната здравствена состојба со која се соочува, како и на промените и приспособувањата што таа ги носи.
Ние како родители подобро го разбравме неговото однесување и добивме практични насоки што можевме да ги примениме дома.“
„Партнерските сесии ни помогнаа да излеземе од кругот на токсично меѓусебно обвинување и постојано критикување и повторно вистински да се слушнеме.
Денес разговараме поотворено, подобро ги разбираме потребите еден на друг и, со поддршка од психотерапевтот, успеавме заедно да надминеме сериозна брачна криза.“
„Преселбата во странство и почетокот на факултетот ми беа многу потешки отколку што очекував.
Онлајн сесиите ми овозможија да добијам професионална поддршка на мајчин јазик.
И покрај физичката дистанца, се чувствував блиску, сигурно и разбрано.“
„Соработката со НЕОКОРТЕКС тимот беше професионална, добро организирана и целосно приспособена на потребите на нашиот тим.
Програмата со обуки беше многу интерактивна и практична, поттикна отворена дискусија и ни понуди конкретни алатки за подобра комуникација, поефикасно професионално функционирање, справување со стресот и подобра тимска соработка.“
„Во психотерапијата првпат отворено зборував за најинтимните делови од себе, за мојата сексуална ориентација и за стравот од неприфаќање.
Постепено дојдов до поголемо самоприфаќање, ја надминав депресивноста и, по многу години, направив важни чекори во процесот на откривање на мојот идентитет пред блиските.“
Средбите се реализираат со претходно закажан термин. Пред закажувањето можете да ги разгледате услугите и стручниот тим на нашата веб-страница, а при контактот накратко да ја наведете причината за вашето обраќање. Сите информации што ги споделувате се третираат доверливо и професионално.
Не е потребна посебна подготовка. Доколку причината за обраќање е поврзана со здравствена состојба, претходна психолошка или психијатриска проценка, развојна тешкотија или болничко лекување, корисно е да понесете релевантна медицинска или стручна документација.
За информации и закажување термин, најдобро е да нè контактирате телефонски. Достапни сме и преку е-пошта, Viber и WhatsApp, вклучително и за клиенти од странство.
При контактот можете накратко да ја споделите причината за обраќање. Во согласност со вашите потреби, возраста, јазикот, видот на услугата и достапните термини, ќе ви помогнеме да изберете соодветен психолог или психотерапевт.
Термините се закажуваат од понеделник до сабота, од 10:00 до 20:00 часот.
Психотерапевтската поддршка може да биде корисна при психолошки и емоционални тешкотии, симптоми или дијагностицирани ментални растројства, стрес, кризни состојби, трауматски искуства, значајни животни промени, предизвици во односите, повторувачки обрасци на размислување и однесување, донесување важни одлуки, како и при потреба од подобро разбирање на себе и личен развој.
Барањето стручна поддршка е одговорен чекор во грижата за менталното здравје.
Првата сесија вклучува запознавање и разговор за причината за обраќање, актуелните тешкотии, потребите и очекувањата на клиентот. Во текот на средбата, психологот или психотерапевтот обезбедува стручна проценка, советодавна поддршка и почетни насоки приспособени на конкретната ситуација.
За одредени прашања една консултативна или советодавна сесија може да биде доволна. Кога тешкотиите се подолготрајни, посложени или бараат подлабока работа, се предлага континуиран психотерапевтски процес. Заедно со клиентот се утврдуваат целите, динамиката и најсоодветниот понатамошен начин на работа.
Работата се одвива со претходно закажан термин.