Сеопфатна поддршка за вашето ментално здравје создадена да ве води кон
внатрешна рамнотежа, самодоверба и одржлив личен раст.
Психолог, гешталт и EMDR психотерапевт,
семејно-системски советник и супервизор
М-р Ивана Хаџиванова е психолог, Гешталт психотерапевт и супервизор со над 10 години искуство во областа на менталното здравје. Таа е основач и директор на НЕОКОРТЕКС – Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација во Скопје, каде што води тим на стручни лица.
Во својата работа применува Гешталт пристап, како и Семејно-системска психотерапија, и работи со индивидуи, парови и семејства. Има завршено обука за EMDR техника за работа со трауми, како и едукација за клиничка невропсихологија и невропсихолошка дијагностика.
Поседува искуство и сертификација за работа со родители на деца со посебни потреби, како и за прва психолошка помош (Johns Hopkins University). Работи со сите возрасни категории – деца, адолесценти и возрасни – вклучувајќи терапија со игра за деца и групна психотерапија.
Во своето работно искуство има голем број соработки со невладини организации, институции и реализирани обуки и проекти. Како долгогодишен соработник на ЕГАЛ стекнува значајно искуство и сензибилизираност во работата со ЛГБТИ+ и МСМ популација. Како надворешен консултант на ИОМ-Меѓународна организација за миграции, фацилитира обуки за млади за превенција на насилен екстремизам, подобрување на критичкото мислење и емоционална интелигенција, обучена од експерти од Универзитетот Кембриџ во Англија и ИОМ-Босна и Херцеговина. Долгогодишен соработник е на Домот за деца без родители „11 Октомври’’, како и „Центар за обука на пилоти’’ – касарна Петровец, каде врши скрининг и селекција на кандидати за воени пилоти за хеликоптерските единици на Армијата и Полицијата во РСМ. На почетокот на својата кариера, работи и стекнува повеќегодишно професионално искуство и на Универзитетската Клиника за психијатрија.
2019та година ја започнува и соработката со Здружението на граѓани со ретки болести “Живот со предизвици’’ и од тогаш активно работи на превенција и третман на менталното здравје на оваа сензибилна категорија на клиенти/пациенти. Стекнатото искуство го пренесува и со одржување на стручни обуки за професионалци од областа на менталното здравје низ целата држава, како психотерапевт-едукатор.
Психотерапевт Хаџиванова поседува посебна лиценца за вршење психолошка дејност во областа на Психологија на здравје-Психотерапија, издадена од Комората за психолози, каде е активен член. Сертифициран член е и на ЕАГТ-Европска асоцијација за Гешталт психотерапија. Хаџиванова е регистиран Супервизор во европски акредитираниот Гешталт тренинг институт -„Советувалиште за хумана соработка’’, и врши супервизија на работата на гешталт психотерапевти во едукација и завршени психотерапевти.
Психотерапевт Хаџиванова