MindLab Mini (6–8 години)
Времетраење: од 09:00 до 11:00 ч.
Преку игра, движење и приказни, децата учат да ги разберат емоциите и да градат самодоверба.
Модул 1: Самодоверба и моите силни страни
– Запознавање со групата и откривање на личните способности
– Развивање позитивна слика за себе и верба во сопствените можности
Модул 2: Емоции и регулација
– Препознавање и именување на емоции (среќа, тага, гнев, страв…)
– Едноставни техники за смирување и контрола на импулси
Модул 3: Пријателства и училишни правила
– Како да бидам добар пријател и да соработувам
– Вовед во ред, дисциплина и одговорност
Модул 4: Комуникација и семејство
– Основи на асертивна комуникација („Јас“ пораки)
– Значење на семејните рутини и хигиенски навики
Модул 5: Справување со стрес и булинг
– Како да се справам со стравови и училишен стрес
– Препознавање булинг и техники за барање поддршка
Модул 6: Креативност и технологија
– Развивање креативно и флексибилно размислување
– Балансирано користење екрани и дигитални навики