УСЛУГИ
Нашите услуги
Во НЕОКОРТЕКС обезбедуваме стручна, доверлива и индивидуализирана психолошка и психотерапевтска поддршка за деца, адолесценти, возрасни, парови, семејства, групи и организации.
Работиме со широк спектар психолошки тешкотии, емоционални состојби, релациски предизвици и животни промени, приспособувајќи го пристапот кон потребите, контекстот и целите на секој клиент.
Поддршка при широк спектар психолошки и емоционални тешкотии, вклучувајќи анксиозност, депресивни состојби, стрес, емоционална исцрпеност, трауматски искуства, загуба, ниска самодоверба, животни кризи, тешкотии во односите, идентитетски прашања и потреба од личен раст и промена.
Психолошка и психотерапевтска поддршка по трауматски настани, загуба, насилство, несреќи, здравствени кризи, нагли животни промени и други високо стресни искуства, со пристап приспособен на состојбата и потребите на клиентот.
Психолошка и психотерапевтска поддршка преку видеоповик за адолесценти, возрасни, парови и семејства од земјата и странство. Онлајн работата овозможува континуитет, флексибилност и пристап до поддршка независно од местото на живеење.
Проценка на силни страни и професионални потенцијали со поддршка при избор или промена на професија, препознавање на интересите, способностите, вредностите и личните потенцијали, донесување кариерни одлуки, справување со професионални дилеми и планирање на понатамошниот развој.
Терапевтска работа во безбедна и поддржувачка групна средина, насочена кон самоспознавање, емоционална регулација, подобрување на меѓучовечките односи, надминување на социјалната анксиозност и развој на нови перспективи и начини на функционирање. Тематските групи се организираат периодично, во согласност со интересот и потребите на учесниците.
Поддршка при емоционални, социјални, училишни и бихејвиорални тешкотии, анксиозност, стравови, промени во расположението, ниска самодоверба, проблеми во односите, семејни промени, развојни предизвици и тешкотии во приспособувањето.
Терапевтски пристап приспособен на возраста и развојните потреби на детето, преку кој ги изразува и обработува своите емоции, тешки или трауматски искуства и конфликти, со помош на креативни активности, симболичка комуникација и играта како терапевтски медиум.
Структурирана развојна програма насочена кон унапредување на емоционалната интелигенција, самодовербата, социјалните и комуникациските вештини, креативноста, соработката и капацитетите за справување со стрес и секојдневни предизвици.
Психотерапевтска поддршка за парови кои се соочуваат со нарушена комуникација и динамика, конфликти, емоционална оддалеченост, неверство, криза на доверба, љубомора, промени во блискоста, повторувачки релациски обрасци и други предизвици во партнерскиот однос.
Поддршка за семејства при конфликти, нарушени односи, тешкотии во комуникацијата, родителски предизвици, семејни кризи, здравствени кризи, разделба, загуба, промени во улогите и други значајни транзиции во семејниот систем.
Стручна поддршка при воспитни дилеми, поставување граници, комуникација со детето, емоционални и бихејвиорални тешкотии, родителски стрес, семејни промени и потреба од подобро разбирање на развојните потреби на детето.
Психолошко советување за лица и парови во постапка за алогенеичко, односно донорско биомедицински потпомогнато оплодување, насочено кон разбирање на емоционалните, партнерските и семејните аспекти на процесот, со изработка на стручен психолошки извештај за потребите на постапката.
Персонализирани обуки, интерактивни работилници, тим-билдинг активности и развојни програми за компании и институции од областа на лидерството, емоционалната интелигенција, професионалната комуникација, управувањето со стрес, резилиентноста, тимската соработка, организациската култура и менталното здравје на работното место.
Интерактивни работилници, предавања и едукативни активности за деца, адолесценти, возрасни, родители, училишта, организации и пошироката заедница, приспособени на возраста, темата и потребите на учесниците.
Едукации, обуки и развојни програми за психолози, психотерапевти, воспитно-образовни кадри, здравствени работници и други професионалци чија работа вклучува грижа, поддршка, едукација и работа со луѓе.
Психолошка проценка на когнитивното, емоционалното, личносното и развојното функционирање кај деца, адолесценти и возрасни, со стручен извештај и препораки.